Започната постапката за целосно осветлување на Градскиот кеј во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 07.12.2019 година – Општина Македонска Каменица спроведува отворена постапка за реконструкција на електричното осветлување на градскиот кеј на Каменичка Река. Од општината известуваат дека Јавниот оглас за прибирање на понуди започна вчера, на 06.12.2019 година, а ќе трае до 23.12.2019 година, заклучно ссо 12 часот.

По изградбата на кејот и каскадното и партерно уредување на коритото на Каменичка Река, ова е нов проект на општина Македонска Каменица за целосно уредување и разубавување на овој дел од градот. Оваа рекнструкција на електричното осветлување го опфаќа целиот уреден дел на кејот. Во наредниот период на градскиот кеј дополнително ќе бидат изградени уште неколку мостови, кои според потребите на граѓаните и фрекфентноста во сообраќајот значително ќе го олеснат движењето во градската средина, – според објавената информација на официјалната веб страна на општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *