Законот за стечајци ги опфати и новинарите од локалните радија

Законот за стечајци ги опфати и новинарите од локалните радија

6 декември 2017 (МИА)

 Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), го поздравуваат фактот што со последните измени на Законот за стечајци се опфаќаат новинарите од затворените локални јавни радио станици кои добија статус на стечаен работник и со тоа право на месечен надомеср до пензионирање. 

– Со тоа делумно се исправи една голема неправда, со која се соочија нашите колеги кога преку ноќ се затворени десетици локални јавни радио станици, а тие останаа без работа и плата, стои во соопштението од ССНМ и ЗНМ.

Како што појаснуваат, Министерството за труд и социјална политика ги уважи барањата на ССНМ и ЗНМ, чии претставници во август годинава се сретнаа со ресорната министерка Мила Царовска. На средбата претставниците на новинарските организации побараа новинарите стечајци од затворените локални радија да бидат опфатени со новиот Закон за стечајци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *