Загрижувачки! 50% заболени од рак на дебелото црево прекасно се јавуваат на лекар

Алармантно. Секој втор пациент со рак на дебелото црево на лекар се јавува предоцна, односно дури откако болеста дошла до стадиум на неизлечивост:

  • За жал пациентите кои ги оперираме се во многу висок стадиум, во стадиум 3 се 75 проценти од пациентите, тоа значи болест која ги зафатила и лимфните јазли, а тоа е ограничувачки фактор за имплементирање на некои нови техники на лекување“, изјави д-р Светозар Антовски, општи хирург, Клиника за дигестивна хирургија.

Ова е голем проблем, зашто доколку се открие навреме, оваа болест во над 90 отсто од случаите е излечива:

  • Министерството за здравтво набави тестови за скриено крварење кои се важно дијагностичко во онаа фаза од болеста кога може најмногу да му се помогне на пациентот. Секако дека она за што се бориме се скрининг програмите кои се недоволно застапени во нашата земја“, изјави проф. д-р Никола Јанкуловски, абдоменален хирург.

Но за соодветен третман на овој вид на рак, освен невремено откривање, неопходно е и нова опрема:

  • Самите апарати имаат лимитирано време на користење, по одреден број на пациети тие се амортизираат. Би било добро фрекфенцијата на обновување на оваа апаратура да биде по честа, со тоа времето на чекање на пациентите ќе биде пократко“, изјави д-р Розалинда Попова- Јовановска, гастроентерохепатолог, продекан за науки на Медицински факултет.

Годишно, во Македонија се откривата околу 500 нови случаи на рак на дебелото црево, од кои околу 400 завршуваат фатално. Ризик- фактори што влијаат за појава на рак на дебелото црево се лошите животни навики, дебелината, пушењето и алкохолот.

Извор: ТелевизијаСтар – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *