Загина моторџија на патот Кочани-Штип

Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 17 часот на патниот правец Кочани – Штип. Во несреќата учествувале два мотоцикли и автомобил, при што загинало едно лице, објави порталот sky.mk.

Според неофицијални информации на порталот, починатото лице е од Свети Николе на возраст од 39 години. Уште еден моторџија е со повреди и е пренесен во Клиничката болница во Штип.

 Несреќата се случила во близина на Џонсон Контролс.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *