ЖФК Каменица САСА ќе презими на 5-то место на прволигашката табела

Македонска Каменица 02.12.2018 година – По одиграното 13. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија и победата на ЖФК Каменица Саса од 3:2 против ЖФК Тетово, каменичанки ќе презимат на 5-то место од табелата.

На вчерашниот натпревар на градскиот стсдион во Македонска Каменица, стрелци за победа беа Анастасија Маринковска, Стефани Петревска и Мила Талевска.

Последниот натпревар од првата полусезона на Прва Женска Фудбалска Лига на Македонија каменичките девојки одиграа одличен натпревар на кој, покрај постигнатите три гола создадоа уште неколку изгледни шанси за гол.

Ќе повториме дека, со оглед на возраста на играчите, како најмлад тим во прволигашкото натпреварување и со самиот факт што, како тим ЖФК Каменица САСА се натпреварува и постои само година ипол, ова е одлично резултатско остварување за нив со кој бележат солиден пласман на табелата.

Во текот на есенскиот дел од натпреварувањето во Првата женска фудбалска лига, екипата на ЖФК Каменица САСА освои 24 бода, во 8-те победи, 4 порази и ниту еден нерешен резултат. Остварија позитива од 16 голови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *