ЖФК Каменица САСА со силен турнир го одбележува петгодишното постоење на клубот

Пред неколку денови, управата на ЖФК Каменица САСА го најави почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона. Тогаш беше најавен, денес објавениот календар со пријателски контролни натпревари и значајни учества на каменичките девојки на интернационални турнири.
Првиот пријателски натпревар, ЖФК Каменица САСА ќе го игра пред домашна публика на 2. Август против шампионот на Косово, ЖФК Хајвалиа. Потоа, на 6 и 7 Август, како што стои во соопштението за јавност, „ЖФК Каменица САСА ќе учествува на Меѓународниот турнир во Куманово заедно со екипите на ЖФК Речица, ЖФК Црвена Звезда од Србија и ЖФК Лесковац од Србија“.

На 14 Август, Македонска Каменица ќе биде домаќин на турнирот организиран по повод ,,5 години ЖФК Каменица САСА“, на кој потврдено учество имаат екипите на ЖФК Истатов Кул и ЖФК Речица

По колебливата натпреварувачка сезона, како што ја нарекуваат од управата на клубот, екипата на ЖФК Каменица САСА ќе ја напуштат Христина Јошевска, Павлинка Николовска и Теа Бумбаровска.
На своите досегашни играчи им благодарат за придонесот во клубот и им посакуваат успеси во понатамошната спортска кариера. Од клубот, велат дека во наредните денови очекуваат потпис на нова интернационалка, од која очекуваат подобар квалитет и повисока класа во играта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *