ЖФК Каменица САСА е во финале! Пехарот од Купот на Македонија ќе остане во Македонска Каменица!

ЖФК Каменица САСА е во финале од Купот на Македонија 2023

ЖФК Каменица САСА со денешната победа од 2:1 над прилепска ЖФК Деспина се пласираше во финалето на Купот на Македонија.

ЖФК Каменица САСА покажа цврста и дисциплинирана игра во текот на целите 90 минути на тешкиот за игра Градски стадион во Македонска Каменица.

Домаќините го отворија резултатот со погодокот на интернационалката Елма Шемсовиќ некаде во средината од првиот дел од натпреварот. Гостите израмнија во вториот дел, повеќе би рекле случано, пред се поради лошиот терен за игра. Тоа беше и единствениот светол момент во играта на прилепчанки. После само 3 минути игра разиграната Јоелма Алвес го врати водството на ЖФК Каменица САСА. Водство кое само рутнирано беше сочувано до крајот на мечот.

– Поквалитетна игра, разиграно и мотивирано. Сите како една, стигнавме до очекуваната победа! Дождот и тешките услови за игра ѝ помогнаа на гостинската екипа, но сепак покажавме кој е кој во фудбалската игра, – истакнуваат за натпреварот од ЖФК Каменица САСА.

Поради повреди отсутни беа Елена Панеска и Мила Талевска, а стандардната Ленче Андреевска ги одигра само последните петнаесетина минути од натпреварот.

ЖФК Каменица САСА е трикратен финалист и освојувач на трофејот во Купот на Македонија. Се надеваме на успех на каменичките фудбалерки и во финалниот натпревар, како пехарот од купот би останал во витрините на ЖФК Каменица САСА во Куќата на спортот во Македонска Каменица.

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Линк до видео од натпреварот кој MediaPoint го пренесуваше на Каменица.Мк: https://www.youtube.com/live/8_eH3jFRD38?feature=share

Leave a Reply

Your email address will not be published.