ЖКК Клубски Патриот замина со висок пораз од Македонска Каменица

Денешниот успех на девојките од Македонска Каменица е огромен и поради фактот што скоро истиот состав на играчи кој успеа да го декласира Клубски Патриот, пред средбата одигра уште еден натпревар против Про-Баскет Пробиштип, во кој славеше со 77:51.

Денес, во спортската сала во Македонска Каменица се одигра второто коло од Првата кошаркарска лига на Македонија (жени). Екипата на ЖКК Баскет Кам славеше висока победа против ЖКК Клубски Патриот од Делчево. Во текот на целиот натпревар домашната екипа, во ниту еден момент не им дозволи на девојките од Делчево да фатат резултатски приклучок. Натпреварот заврши со огромна разлика од 73:37.

Високата разлика и сигурната предност им овозможи на сите девојки од резервната клупа на ЖКК Баскет Кам да бидат дел од играта на теренот, во која сите дадоа огромен придонес со феноменалната игра. Со денешната победа, екипата на ЖКК Баскет Кам го делат првото место со ЖКК Бадел со по 4 освоени бодови

Денешниот успех на девојките од Македонска Каменица е огромен и поради фактот што скоро истиот состав на играчи кој успеа да го декласира Клубски Патриот, пред средбата одигра уште еден натпревар против Про-Баскет Пробиштип, во кој славеше со 77:51.

Веднаш по завршувањето на овој кошаркарски натпревар, љубителите на кошарката од Македонска Каменица имаа можност да го следат натпреварот на машката екипа на КК Баскет Кам, која се натпреварува во Втора лига на Македонија. Во докрај неизвесен натпревар КК Борец успеа да слави со 59:63. Останува само да напоменеме дека домашната екипа беше видно ослабена поради отсуството на неколку првотимци, Тодоровски, Панов.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *