ЖКК Баскет Кам со 106:46 против Куманово ја започна новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија

Македонска Каменица, 29.11.2020 година – Немилосрден старт на каменичките “Баскат Кам” девојки на почетокот од годинешново прволигашко првенство. Денес во рамки на второто коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, против екипата на ЖКК Куманово, успеа да слават со високи 106:46.

Целосна доминација во играта. Противникот надигран на секој дел од теренот. Во одбрана одиграно со максимална дисциплина, додека нападот идеално функционираше, според замислата на тренерот Јордан Цветановски, кој по завршувањето на натпреварот изјави: И покрај тешкотиите предизвикани од коронакризата и моменталното отсуството на дел од стандардните играчи, сепак денес успеавме да славиме висока и убедлива победа. Сакам да им честитам на сите играчи за пожртвуваноста и упорноста во играта. Како и за заложбите на целиот тим за остварување на висок резултат на веќе обезбедена победа. Сакам да им се заблагодарам на ЖКК Куманово за коректноста во играта, прикажана во текот на денешниот натпревар, – додаде во својата изјава, стратегот на каменичката прволигашка екипа, Ј. Цветановски

Иако денес се играше Второто коло од Првата женска кошаркарска лига на Македонија, екипата на ЖКК Баскет Кам го одигра својот прв натпревар. Во првото коло каменичанки беа слободни.

Линк до видеото од натпреварот: https://youtu.be/9eiLpOhxEPg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *