ЖКК Баскет Кам го пречекува шампионот ЖКК Бадел 1862- Скопје

Денес во спортската сала во Македонска Каменица со почеток од 12 часот ќе се одигра третото коло од Првата кошаркарска лига на Македонија (жени). Жкк Баскет Кам го пречекува пресилниот Бадел 1862 од Скопје. Екипата на Бадел 1862 доминира повеќе од една деценија во женските кошаркарски првенства на Македонија . Девојките на ЖКК Баскет Кам се исправени пред вистински предизвик на денешниот натпревар. Ќе се борат против неприсниковените и фаворизирани кошаркарки од Скопје, кои во минатото коло успеаа да го совладаат фаворитот и директен конкурент за освојување на првото место од табелата, ЖКК Вардар.
Очекуваме полни трибини и силна поддршка за девојчињата на ЖКК Баскет Кам во спортската сала во Македонска Каменица, во текот на денешниот исклучително важен натпревар за нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *