ЖКК Баскет Кам(М14) – ЖКК Вардар(М14) одиграа нерешено. Победникот решен по продолженијата од натпреварот

Во најдобро одиграниот натпревар на девојките од  М14 генерацијата на ЖКК Баскет Кам успеаа да одиграат нерешено против фаворизираниот скопски Вардар.

” Ова е добар резултат за нашата екипа, доколку знаеме дека изминатите натпревари против истиот противник губевме со значително висока разлика. Продолжуваме со интензивниот тренажен процес. Денешниот натпревар ни покажа дека можеме, како екипа да се носиме и со традиционално посилните кошаркарски школи и екипи” – изјави по завршувањето на натпреварот во Спортската сала во Македонска Каменица, Јордан Цветановски тренер на младинските и сениорската екипа на ЖКК Баскет Кам. За играта на тимот во денешниот меч, додаде дека е задоволен од денешното издание на екипата и ангажираноста на сите во тимот, поздравувајќи ја фер плеј играта на противникот.

Победникот на мечот беше решен по продолженија, за конечни 60:63 во корист на скопски Вардар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.