
Дека женскиот фудбал може да биде проследен со насилство на теренот сведочи неделниот инцидент на натпреварот меѓу ЖФК Железничар и ЖФК Младост во Нови Травник.
Добриот натпревар, кој се заврши со резултат 1:1, го засени насилничкото однесување на Силвија Секачиќ од домашната екипа.
Таа во 87 минута ја турна на земја гостинската фудбалерка Адна Љубановиќ, и седна на грб и со тупаници ја удираше во главата.
Ниту главниот судија не успеал веднаш да ја одалечи насилната Секачиќ.
Во тие моменти се личело како Ултимејт борба, затоа што Секачиќ и понатаму удирала по Љубановиќ, сведочат очевидци.
Дури откако притрчале останатите фудбалерки и членовите на управите на двете екипи ситуацијата се смирила.
Дали се ќе се заврши на црвениот картон на Секачиќ ќе покаже времето.
Од ЖНК Младост наведуваат дека очекуваат органите на Фудбалскиот сојуз на БиХ во овој случај да изречат строги санкции.