Вчера, женската екипа на „Баскет кам“ одигра натпревар од четвртото коло во Македонската прва лига. На гостински терен во Крива Паланка беше совладана истоимената екипа, а кончениот резултат гласеше 57:66.

Тоа беше четврта победа за каменичкиот состав од исто толку натпревари, а најдобра кај победничкиот тим беше сениорската репрезентативка Кате Поп Димитрова со 28 постигнати поени. Со оваа нова победа „Баскет Кам“ е лидер на првенствената табела и сериозно се зголемени и амбициите на клубот, односно се очекува сигурен пласман на завршниот прволигашки Final Four турнир.

Одличен почеток на сезоната имаат и останатите екипи на „Баскет Кам“. Екипата која се натпреварува во М18-женска конкуреннција од два одиграни натпревари има две победи, додека во машките конкуренции – екипата во М14 од еден натпревар има една победа, а сениорскиот тим кој се натпреварува во Втората македонска лига има половичен успех, една победа и еден пораз.