ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар ја посети Македонска Каменица

Во рамки на кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска ја посети општина Македонска Каменица
 
Македонска Каменица, 19.12.2019 година – ЕУ амбасадорот се сретна со градоначалничката Соња Стаменкова и одржа јавна дебата со учениците од средното училиште „Миле Јаневски – Џингар“ на тема „Визијата на младите за ЕУ“. Серијата дебати со млади беше организирана во соработка со невладината организација Младински образовен форум (МОФ) која води 15 младински клубови во осум општини ширум земјата.
Пред почетокот на расправата со учениците, Жбогар оствари кратка работна средба со директорот на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Круме Стојановски. Посетата беше искористена и за кратка прошетка низ центарот на градот.
 
Делегацијата на ЕУ предводена од амбасадорот Самуел Жбогар, членови на Совет на општината, претставници на локалната самоуправа на чело со градоначалничката Стаменкова го посетија и туристичко манастирскиот комплекс “Еленец” во село Цера. Каде преку средства од ЕУ фондовите, покрај другите реализирани проекти во Општината, е изграден пристапниот пат до комплексот и реновирани се конаците од мансатирот.
 
По завршувањето на јавната расправа со учениците, во кратката изјава за медиумите градоначалничката Стаменкова, покрај искажаната чест и задоволството што делегацијата на Европската унија, предводена од амбасадорот Самуел Жбогар, ја посети општина Македонска Каменица додаде дека „ја радува фактот што во фокусот на денешната посета се младите од Македонска Каменица. Бидејќи младите најубаво знаат во каква средина сакаат да живеат и каква иднина сакаат да градат. Ние како локална самоуправа сме должни сето тоа да им го овозможиме и заедно со нив да се бориме за зголемување на придобивките од европските вредности“.
 

Градоначалничката Стаменкова и амбасадорот Жбогар упатија заедничка порака и заложба за вклучување на младите во креирањето на напредните општествени процеси. Токму младите да бидат главни двигатели во градењето на европска иднина на нашата општина и држава.

 
На крај, градоначалничката Стаменкова ја искористи приликата да упати покана до амбасадорот на Европската Унија повторно да биде гостин во Македонска Каменица, да ја посети нашата мала и преубава општина. Нагласувајќи дека, како локална самоуправа сме отворени за соработка, со надеж дека денешната посета ќе биде причина повеќе, за почеток на многу нови заеднички проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *