Еленец ќе биде домаќин на „Ден на дијаспора 2016“

На 11-ти август, на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, ќе се оддржи „Ден на дијаспора 2016“. Годинава, иселениците од регионот ќе ги забавува музичкиот бенд Модерато и македонската фолк ѕвезда Јордан Митев. За сите посетители, Здружението на граѓани „ЕЛЕНЕЦ-ЦЕРА“ ќе подготви традиционален македонски оброк, а локалниот угостителски сектор ќе постави штандови и шанкови за продажба на храна и пијалоци.

Денот на дијаспората е ретка можност за македонските иселеници да го посетат манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ и да уживаат во бескрајните зелени пејсажи, бистрата планинска вода и чистиот воздух.

Оддржувањето на настанот е финансиски поддржано од општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *