Екстремно високите температури се една од причините за мозочен удар

Екстремно високите температури од почетокот на месецот резултираа со зголемување на пациентите со мозочни удари во Клиничката болница во Штип. Минатите две недели просечно по двајца со мозоќен удар се хоспитализираат на одделението за неврологија во болницата во Штип, вели д-р Елена Личкова, специјалист невролог.

Досегашната фреквенција на пациенти со мозочен удар на невролошкото одделение е очакувано во овој период од годината, но лекарите апелираат граѓаните да ги избегнуваат сите опасности кои може да бидат причина за мозочен удар. Основна препорака е да не се изложуваат на директно сонце во најтоплиот период од денот.

Старосната граница на жртвите на мозочен удар од година во година опаѓа, што значи дека на крварења во мозокот не е имун никој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *