Еко акција на вработените во јавниот сектор во Македонска Каменица

Вработените во јавниот сектор в сабота ќе чистат на повеќе локации во Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 12.12.2019 година – Акција за чистење на повеќе локации во Македонска каменица во која ќе се вклучат вработените од јавниот сектор ќе се одржи в сабота со почеток од 08:30 часот. На тој начин ќе се одработи неработниот ден од годинава, 2 јануари.

До локациите што се наоѓаат на периферните делови од градот ќе биде обезбеден превоз за учесниците во акцијата. Од страна на ЈП Камена Река ќе биде обезбедена и соодветна опрема односно заштитни ракавици и вреќи.

Вработените во јавниот сектор во Македонска Каменица, ги повикуваат сите граѓани на општина Македонска Каменица, спортски клубови и здруженија на граѓани да се приклучат на акцијата која опфаќа чистење на јавни површини и засадување на нови садници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *