Економијата во Кочани стагнира. Кои се кочанските милионери?

Кочани  неможе економски да им парира не  само  на  еднаквите  туку и на општините што се далеку помали од него.  Стопанскиот чекор на Кочани изгуби и долги години резервираното второ место во Источниот регион.   Сега, пред Кочани   се  Виница  и Прибиштип а според  анализите на Фактор дури и Македонска Каменица.

Што за ова вели градоначалникот Николчо Илијев?

„Таа е во една стабилна сосотојба. Единствениот проблем со кој се соочуваме е недостиг на работна сила која ќе одговори на потребите на бизнис секторот. Во овој момент можам да  кажам дека најголемиот проблем го имаме во текстилството кои се соочуваат со големи проблеми“

Дека стопанството и економијата не се добри, најдобри сведоци се граѓаните.

„Економија е катастрофа нема работа сите млади се иселиа…..Треба да се качат платите работниците да се осигуруваат да има добар живот а со тоа и добра економија ќе има…. Да се отворат нови работни места“ изјавија анкетираните граѓани од Кочани

Лошиот економски ефект во Кочани  доаѓа поради фактот што  во општината има само една компанија  која  продуцира поголеми економски показатали. Тоа е  најголемиот работодавач  Амфенол.

Оваа странска фирма  произведува елекртоделови и елементи  за автомобилската индустрија и лани за од нив наплатила 70 милиони евра од кои добивка се  3,6 милиони евра.

Втора според приходите  е локалната  фирма Техком која се занимава со градежништво  и има убедливо најголем приход во Кочани. Цели 7,8 милиони евра и грандиозни 1,9 милиони евра профит.  Нешто, што исто  така  го нема ниту една друга фирма во Кочани.

На третото место  и понатаму  добро и мирно плива  фирмата  на поранешниот кочански градоначалник Ратко Димитров.   Дал не дал пари Димитров по рекет неговата фирма  лани избројаа 4,4 милиони евра приход и добивка од 227 000 евра .

Веднаш до   Европа 92 ,  на  цврсти темели  стои и фирмата на  сегашниот градоначалник на Кочани Николчо Илијев  ИНТ Трејд .  Фирмата на Илијев лани уприходила 4,2 милиониу евра   а за располагање како профит  останале 119 000 евра.

Иако фирмите на Димитров и Илијев   се големи по приход  а тие   со звучни имиња, сепак, книговодствено поефикасен од нив е  сопственикот на градежната фирма  Стоименов градба.

Оваа фирма лани  од работа  наплатила 1,5 милиони евра  но  и останал профит од 271 000 евра што ја прави втора најпрофитабилна локална  фирма во Кочани  по  Техком.

Освен овие, во Кочани  добро работат и копманиите  Тинг Инокс, Руен, Моневи, Генеск и Офис експрес но финансиски податоци за нив не се обезбедени поради што отсуствува и презентацијата на нивното финансико работење.

Со и без нив, констатацијата  дека Кочнаи по овој основ   го изгуби и второто место во Регионот е  истата бидејки  бројките за него не се добри од многу аспекти.

Имено, сите досега анализирани фирми имаат приход од  околу  90 милиони евра  што е премалку  за град со потенцијал   каков што има  Кочани.  За  потсетување, Виница има над 140, Каменица над 100 а  повеке  приоходи од него имаат и компаниите од  Пробиштип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *