Едно лице загина, две повредени во страшна сообраќајна несреќа во Скопје

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај фабриката „Раде Кончар“.

Полицијата соопшти дека во несреќата загинал З.В. (1966) кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се М.К (2000) и К.К. (1993).

Несреќата се случила околу 00:50 часот, а по сообраќајката интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *