ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ШТИП – ВЕЛЕС

Сообраќајка на патот Штип-Велес, еден загинат

Штип, 30 март 2018 –  Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, што се случила околу 14 часот.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата на лице место животот го загубил возачот во автомобилот „шкода“, чиј идентитет се уште не е утврден.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец Велес-Штип од 14:15 часот е во целосен прекин и дека сообраќајот од Штип се пренасочува преку Куманово.

Во тек е увид на лице место од страна на полициски службеници и основен јавен обвинител од Свети Николе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.