ЕДЕН Е НАШ МАРКЕТ ВО ГРАДОТ – „НАШ МАРКЕТ-КАРАМАН“ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

На задоволство на граѓаните во Македонска Каменица, годинава започна со работа новиот „Наш Маркет – Караман“. Маркетот се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на градот, на површина од над 70 m/2. Маркетот работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 21:00 часот навечер, недела од 08:00 часот наутро до 18:00 часот напладне.

„Наш Маркет – Караман“ ќе функционира според потребите и барањата на своите потрошувачи и во согласност со ритамот на современото живеење. Одличната услуга, ниските цени и квалитетот на производите што ги нуди „Наш Маркет – Караман“, веќе се докажана политика на оваа компанија.

Пазарењето во „Наш Маркет – Караман“ ќе биде секојдневно задоволство и дополнителна придобивка за редовните купувачи. Тука потрошувачите покрај можноста да пазарат производи за свои домашни потреби од секојдневното живеење, ќе добиваат и постојани продажни акции, гратис производи, дегустации, промоции и подароци. Сите промоции и продажни акции на производи со намалени цени, кои следуваат наскоро, Вие почитувани потрошувачи, постојано ќе можете да ги следите преку известувањата на kamenica.mk или доколку ја посетувате фан-страната на „Наш Маркет – Караман“.
Еден е наш маркет во градот – „Наш Маркет – Караман“!

Leave a Reply

Your email address will not be published.