Европското првенство е завршено за Лазаров?!

Настапот на нашиот капитен Кире Лазаров на европскот првенство е неизвесен и под знак на прашалник. Тој од утрово се наоѓа во Загреб, заедно со медицинскиот тим каде се вршат испитувања за да се прецизира степенот и тежината на повредата. Магнетната резонанца треба да покаже за што точно станува збор. ЕХФ на својот твитер веќе објави дека Европското првенство е завршен за Лазаров.

Од струшниот штаб на нашата репшрезентација велат дека ќе се воздржат од било какви изјави и коментари се додеека не стигнат резултатите од Загреб.

Капитенот Лазаров се повреди по нешто повеќе од 10 минути игра од натпреварот со Шпанија. Тој не успеа да се замени по неколку загубени топки во нападот и мораше да спринтува по теренот што најверојатно е причината за повредата на десната нога. Во болка и со грч на лицето тој го напушти теренот а медицинскиот тим веднаш му стави мраз на ногата.  Лазаров видливо кривеше и по заврувањето на натпреварот напуштајќи го теренот и Арената во Вараждин.

Од селекцијата велат дека вчера било лош ден за сите и разликата и поразот со Шпанија не ја дава вистинската слика во репрезентација.

Моралот во тимот репрезентацијата и во стручниот штаб е на високо ниво и покрај поразот и повредата на Лазаров. Македонија се уште е во игра за висок пласман, досега највисок во историјата.

Стручниот штаб е комплетиран. Помошникот на Раул Гонзалез во ПСЖ, Хота Гонзалез вечер пристига во базата на репрезентацијата.

Репрезентативците утрово ги посетивме во нивната база во хотелот Голфер. Натпреварот со Шпанија е зад нив и сите веќе се подгтовуваат за дуелот со Чешка. Селекторот Гонзалез ја подготвувата тактиката, одржана беше видео анализа на противникот а за вечерва во 19 часот е закажан тренинг на кој се финишираат последните подготовки.

Огнен Чанчаревиќ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *