Европа денес ги отвора границите

Многу европски земји ги отворија своите граници на 15 јуни, што претставува огромен чекор напред по тримесечните рестрикции на движењето поради коронавирусот. Германија, Белгија, Франција, Грција, Чешка се меѓу државите што денеска ги отворија своите граници, а Австрија следува на 16 јуни.

Координираниот потег доаѓа откако Европската комисија минатата недела им препорача на земјите во блокот да ги отворат своите граници што е можно поскоро. Сепак, секоја земја спроведува различни правила, вклучувајќи барања за тестирање, карантини и специфични совети за патувања или ограничувања за одделни земји и региони.

Повторното отворање на границата доаѓа и покрај загриженоста дека коронавирусот може да направи камбек и во очекување дека многу Европејци можат да летуваат дома наместо да патуваат на друго место. Европа некогаш беше најтешко погодениот континент, но новите случаи, хоспитализациите и смртните случаи драстично се намалија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *