Еврогол на Здравков за сензација на САСА во Штип

Со свој камен по глава: Саса ја расплака Брегалница!!!

Сензација на Каменица Саса со голот на Здравков во Штип. Со еврогол успеа да ги замолчи штипјани и тоа, токму на роденденот на „фалангата“.

Брегалницаодигра само 1:1 против Саса, во екстра значаен меч за штипските „сини“. Брагалница загуби два големи бодови во битката за првото место, а Саса со добрата игра фаќа приклучок кон горниот дел на табелата. Најголем  виновник за вчерашната сензација на Саса е штипјанецот Горан Здравков, миленикот на публиката кој вечерва во Штип во дресот на Саса постигна супер гол од 25 метри.

Значи Здравков и Саса просто ја расплакаа Брегалница, која сега може да жали и ништо повеќе. Интересно е тоа што на 0:0, Брегалница можеше да поведе и тоа од пенал. Во 53.минута Марковски си дава автогол и Брегалница сепак поведува, но затоа во 87.минута маестро Горан Здравкој просто ја олади домашната публика која стана и долго му ракоплескаше на Здравков на овој негов еврогол.

Ова беше последниот меч од 13.коло во Втората лига – Исток.

 

ТАБЕЛА

1.БЕЛАСИЦА 31

2.БРЕГАЛНИЦА 28

3. ТИКВЕШ 27

4. КИТ ГО 27

5.КОЖУФ 26

6.САСА 17

7.ПЛАЧКОВИЦА 12

8.ПОБЕДА 8

9.ОСОГОВО 6

10.ПИТУ ГУЛИ 3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *