09.XI.2017 (kamenica.mk)
За помалку од 2 месеци сите приватни компании ќе мораат на своите вработени да им исплатат регрес за годишен одмор или к-15 кој според проценките оваа година ќе се движи од 9.000 денари па нагоре.

Некои компании веќе ја извршија исплатата порано, меѓутоа постојат и такви кои чекаат да чукне и последниот час од годината за да го направат тоа – а тоа е 31-ви декември. Поради бројните коментари од страна на нашите читатели дека нивните работодавачи во текот на минатите години се обидувале на разни начини да ја избегнат оваа законска обврска како на пример намалување на декемвриската плата, барање на парите назад и слично.
За таа цел, ние ве советуваме како да постапите доколку вашиот работодавач има намера да не ви исплати к-15 кое вас законски ви следува.
Пред да поминеме на постапката, проверете ТУКА дали навистина ви следува исплата на к-15. Доколку ви следува, а вашиот работодавач не ви ја исплати најдоцна до 13-ви декември, еве што треба да направите:
Ако граѓаните сакаат да пријават дека компанијата каде биле или се вработени не им исплатила регрес за годишен одмор, можат да се јават на телефоните 02/ 3 296 310 и 3 116 110. Ова се броевите на Државниот инспекторат за труд.
Од Државниот инспекторат за труд по истекувањето на рокот за исплата на к-15 ќе анализираат кои компании исплатиле регрес, а кои не го направиле тоа. Инспекциските служби ќе вршат и самостојни инспекции, но може да ви излезат во пресрет доколку и вие пријавите некоја неправилност.
За неисплата на регрес за годишен одмор предвидена е глоба од 3.000 до 4.000 евра. Од 2.000 до 3.000 треба да плати правното лице, а со 500 до 1.000 евра се казнува одговорното лице кај работодавецот.