Еве ги деталите за филмот “Северниот пол” кој утре ќе се снима во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 31. 01.2021 година – Утре, 01.02.2021 година (понеделник) продукцијата Кино око гостува во Македонска Каменица каде ќе го заврши снимањето на краткиот игран филм “Северниот пол” по сценарио и во режија на Марија Апчевска.
 
Филмот е приказна за 16 годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа.
Проектот беше еден од двата наградени проекти на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019. Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.
Филмот се снима на 16mm филмска лента и е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков од Кино око, а копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ од Сервиа Филм.
Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за филм на Р. С.  Македонија и Српскиот филмски центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *