Noisia доаѓаат на Д Фестивал во Дојран!
Светските bass суперѕвезди и трикратни сопственици на Beatport наградите за најдобар d’n’b состав, со својот DJ set ќе ја предводат програмата на Main Stage во сабота, 13-ти јули.
Спреми се, синонимот за музичка прогресивност, техничка иновативност и безмилосна контрола на квалитетот доаѓа во Дојран.
Ран корморан билетите за Д Фестивал се веќе пуштени во продажба, а во Македонска Каменица истите може да си ги резервирате во Cliff of Moher Pub.