Д-р Беќаровски: Не кријте дека имате температура, не лажете дека сте немале контакт

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, на својот Фб-профил објави предупредувчка информација дека некои граѓани се однесуваат апсолутно неодговорно во овие сериозни времиња.

Овие денови болниците и клиниките мора да бидат празни и спремни за пикот на пандемијата кој ќе уследи за 2-4 недели.

НО, голем број граѓани, глумејќи ИТАР ПЕЈО, доаѓаат во здравствените установи, со претходно испиен ПАРАЦЕТАМОЛ, за да ја намалат фебрилноста и упорно криејќи дека биле во контакт со луѓе вратени од ризичните земји.

1. Ги доведувате во опасност Вашите најблиски, ПОСЕБНО ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ, БАБИ, ДЕДОВЦИ
2. Ги доведувате во опасност здравствените работници, кои овие денови, се на првата бирбена линија. И „белиот мантил” ЗАБОЛУВА ОД КОРОНА, а сега МОРА да се здрави 100%.
3. Ги доведувате во опасност сите со кои ќе стапите во контакт.
4. Примерот со брачниот пар во Дебар и лажната епидемиолошка анкета, која ја дадоа, нека Ви биде најдобар пример.
5. ЛАГАТА ОВОЈ ПАТ ТРАЕ САМО 2 НЕДЕЛИ, А ПОСЛЕДИЦИТЕ….
6. Дали ќе имате трошка совест, ако поради Вашата ујдурма ЗГАСНЕ НЕЧИЈ ЖИВОТ-прашува д-р Беќаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *