Дупка во Законот овозможува работа во ЕУ без европски пасош

Законот со кои се предвидени условите за упатување на привремена работа во странство овозможува било која фирма во земјите кои не се членки на ЕУ да распише оглас и да упати работници на работа во странство без разлика на тоа што  ја нема потребната дозвола да врши дејност – вработување на работници, пренесува порталот Inoposlovi.online.
На пример, тоа го прави фабриката на IKEA во Словачка која што вработи 22 работници од соседна Србија преку фирмата MAXIKONG која е регистрирана како производител на моторни возила во Србија.
Порталот Inoposlovi информира дека во Србија може секојдневно да се пронајдат вакви огласи за работа каде што домашните фирми нудат работа во Словенија, а платата и придонесите на работниците им стигаат во Србија. Во огласите е наведено дека се работи за легална работа во странство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.