ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА СО СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ЗА ИСТЕКУВАЊЕТО НА ЈАЛОВИШЕН МАТЕРИЈАЛ ОД РУДНИК САСА

Македонска Каменица, 15.09.2020 година – Државниот инспекторат за животна средина излезе со Соопштение за јавност во врска со вчерашното истекување на јаловишна вода од Јаловиште бр.4 на Рудник Саса во Каменичка Река. Соопштението за јавност ви го пренесуваме во целост:
Соопштение за јавноста во врска со истекување на јаловишен материјал од Рудник Саса во Каменичка река, Македонска Каменица
При вонреден инспекциски надзор на ден 14.09.2020год. во правното лице рудник Саса се изврши теренски увид со фотографирање и увид во документација од страна на Државен Инспекторат за животна средина, Водостопански инспектор. Притоа се констатира следното: Во раните утрински часови во 5.45 па се до 7.15 часот се случило испирање на јаловишен песок од 3.000m3 од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба
Од страна на Водостопански инспектор понуден е Записник за започнување на постапка за спогодување согласно член 212-ж за Прекршоци од трета категорија, став 1 (Глоба во износ од 100.000 евра во противредност во македонски денари за правно лице) точка 7 од Законот за животната средина, а правниот субјект треба да постапи согласно предложените мерки за заштита наведени во Записникот за констатација и Решението во инспекциска постапка кое согласно закон ќе биде доставено во предвидениот рок.
Записникот пак за започнување постапка за спогодување е потпишан од управителот на правното лице, а понатамошната постапка продолжува пред Комисија за спогодување при Министерство за животна средина и просторно планирање која ќе донесе конечна одлука.
Извор: Интернет страница ДИЖС, www.sei.gov.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *