Државата ќе ги финансира младите лекари да специјализираат семејна медицина

Најмалку 350 матични лекари недостигаат во земјава. Најалармантна е состојбата во помалите градови. Младите доктори не сакаат да работат како матични ниту да специјализираат семејна медицина.

– Од 2010 година кога е формирана катедрата имаме 330 специјализации по семејна медицина, а 80 лекари поминале доедукација и специјализација, а тоа е малку бидејќи во земјава има околу 1500 матични лекари, изјави проф. д-р Катерина Ставриќ, шеф на катедрата за семејна медицина.

За да се мотивираат младите да работат во примарното здравство од иднита академска државата специјализациите по семејна медицина ќе бидат на државна сметка, а за возврат ќе треба неколку години да бидат матични лекари, најави министерот Филипче.

– Ќе ги мотивираме со тоа што државата ќе ги субвенционира специјализациите по семејна медицина, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Од катедрата за семејна медицина уверуваат дека доедуцираните лекари ќе пружаат поквалитетна здравствена заштита.

– И пациентите помалку ќе бидат упатувани на секундарно и терциерно ниво, додаде проф.д-р Ставриќ.

Во меѓувреме од здружението на општи и семејни лекари ќе бараат од Фондот за здравство олеснување во упатувањата на секундарно ниво и пропишување на повеќе лекови од позитивната листа.

– Ќе следат и други предлози во интерес на поквалитетни услуги за пациентите, изјави д-р Катарина Ковачевиќ, претседател на здруженбието на општи и семејни лекари.

Министерот за здравство најави дека идната недела ќе бидат прецизирани превентивните програми кои треба да ги реализираат матичните лекари, а за возврат ќе добијат покачување на капитацијата, односно повеќе пари од државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *