Државата ветува помош за сите кои ќе бидат под клуч овие 14 дена

Го живееме третиот најсилен бран на коронавирусот, поради што мораше да бидат воведени и нови рестриктивни мерки . Се затворија угостителските објекти а од владата за економските оператори најавија помош.

Министерот Битиќи вели дека ќе се направи се што треба, но нема да им се дозволи на рестораните да прават свадби во време кога здравствениот систем е преоптоварен.

„Ќе направиме се што треба за да влезат во системот, да бидат категоризирани и соодветно да се постапи со нив во редовните програми на Министерството за економија и ако е потребно и со дополнителни мерки“, кажа министерот, додавајќи дека во овој момент фокусот е на оние на кои Владата им забрани да работат во овие две недели додека траат рестриктивните мерки

Битиќи истакнува дека тој сектор најтешко ќе се врати во стопанството и се размислува како за нив, така и за другите што се погодени да ги поддржиме со развојни програми и тоа ќе го направиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *