До 500 евра ќе добиете од државата ако купите печка на пелети

На 31 јануари 2018 година, Министерството за економија распиша јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купување на печки на пелети во домаќинствата.
Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредснот – стои во огласот.
Право на учество на овој јавен оглас имаат купувачите кои имаат купено печки на пелети во своите домови по денот на објавување на јавниот оглас заклучно со 31 август 2018 година и кои ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото на надоместок.
Повеќе информации ќе најдете на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published.