До 4000 евра казна ако ве вознемируваат на телефон

Тие се упорни во нивната мисија… понуди за работа, нудење на препарати за чистење на домот, медицински препарати, козметики… ова се само дел од производите кои трговците постојано ни ги нудат по телефон, смс или приватни имејл адреси.
Во тоа се состои целокупната нивна работа. Трговците на овој начин добиваатт процент, а колку повеќе понуди бидат прифатени од страна на купувачите, до толку е поголема и нивната заработка. Меѓутоа, дали знаат дека тоа што го прават е противзаконско и можат да бидат казнети со по 4.000 евра?
Голем е бројот на граѓаните кои се жалат дека трговците се упорни во своето рекламирање и покрај тоа што од старт се изјасниле дека не се задоволни за купување на дадениот производ или услуга.
Сепак, и покрај законските одредби кои беа донесени пред 6 години, досега не се случило некој да пријави вознемирување од трговците кај надлежните институции, а тоа е Пазарната инспекција или Организацијата за заштита на потрошувачите. Тоа е така бидејќи многу потрошувачи не се запознаени со своите права па затоа не знаат дека агресивното пазарно однесување е казниво. 
Инаку, Законот за заштита на потрошувачите во Македонија ги штити граѓаните од нападните трговци така што агресивното однесување е казниво дело со кое се предвидени парични казни од 2.000 до 4.000 евра.
Дополнително, во законската регулатива стои дека трговците во никој случај не смеат да ги вознемируваат граѓаните со телефонски повици, особено не во доцните часови, а не смеат ни упорно да им испраќаат понуди или реклами по имејл или смс доколку немаат писмена согласност за тоа. Исто така, забрането е да ги нудат своите производи на врата доколку граѓанинот се изјаснил дека не е заитересиран.

Leave a Reply

Your email address will not be published.