По повод претстојниот празник 28-ми август, кој се слави и како Ден на рударите во Македонска Каменица, Рудник „Саса“ донираше детски играчки и дедукативни материјали за Детската градинка „Бамби“. Овој тип донација веќе станува традиционален и Рудникот во континуитет обезбедува најразлични материјали кои им се потребни на дечињата во детската градинка и со кои се олеснува процесот на социјализација и образование.
Од менаџментот на најголемиот стопански капацитет во Македонска Каменица велат дека Рудник „Саса“ како компанија со веќе докажана и и силна општествена одговорност ќе продолжат со инвестиции со кои се подобрува квалитетот на живот на локалните жители.