Домот на култура во Македонска Каменица добива нова опрема за кино- проекции

Македонска Каменица 26.08.2018 година – Денес, во Домот на култура во Македонска Каменица, во организација на КИЦ „Романса“ се одржа прес конференција на која беше презентиран проектот „Реставрација на места со историско и културно значење и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство во Белица и Македонска Каменица“. Реализацијата на проектот, кој е дел од IPA програмата, доаѓа по повеќе годишна соработка помеѓу КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица и Народоното читалиште „Гепрги Тодоров 1885“ од општина Белица, Република Бугарија. Реализацијата на проектот во себе опфаќа реконструкција на зградата од Културниот центар на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица и обезбедување на опрема за КИЦ „ Романса“ во нашиот град.

 

 

На прес конференцијата, при првата промоција на проектот говореа градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, Маја Падарева – директор на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ од Белица, Република Бугарија како носител на проектот и Гоце Ангелов одговорен соработник – носител на проектот од општина Македонска Каменица. Вкупната вредност на проектот е со приближна вредност од 360 илјади евра, при што опремата која што ќе се набави за КИЦ „Романса“ е со износ приближен од 60 000 евра. Во рамки на претходниот проект од IPA програмата преку Светска банка беа обезбедени дел од средствата за реконструкција на зградата од Дом на култура во Македонска Каменица. По завршувањето на прес конференцијата беше одржана и работна средба со одговорните лица и носителите на проектот.

Ова е прв дел од презентацијата на проектот со кој се овозможува подобрување на условите за оскористување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи за соработка во подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство, следува презентација на истиот и во организација на општина Белица, во текот на наредниот период.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *