Домашна чорба од домати

Домашна чорба од домати

Состојки:
600 гр домати, измиени и исечени на коцки
1 главица кромид, ситно исечкана
3 лажици масло
2 лажици брашно
½ шолја ориз
¼ лажица шеќер
1,5 литри вода или супа од зеленчук од коцка

Подготовка:
Кромидот издинстајте го со малку масло, додајте ги доматите исечкани на коцки, динстајте уште малку, па оставете малку да се олади.

Изблиндирајте ја смесата за да добиете текстура каква што сакате, ставете во тенџере па додадете топла вода или супа од коцка и оставете да проврие.

Во меѓувреме на малку масло пропржете го брашното и додајте го во зовриената чорба.

Оризот сварете го одвоено, процедете го, па додајте го во чорбата. Оставете да се вари уште една минута, додајте малку шеќер, промешајте и служете ја топла.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *