Доколку имате факултетска диплома, не значи и дека сте образовани

Луѓето не се свесни за фактот дека ако не се образуваат ќе станат безлична маса без сопствено мислење, а таквите се најподложни на манипулации. Школуваноста се стекнува со учење и упорност, додека образованието со постојано ширење на видиците, љубопитност и желба од себе да се направи сестрана, квалитетна особа.

Истражувањата покажуваат дека денес младите не читаат ништо, како и тоа дека им е тешко да прочитаат нешто што е подолго од три реченици. Поради нечитањето нивниот речник е крајно ограничен и се сведува на пцости и жаргон. Поради телевизијата луѓето се повеќе стануваат визуелни типови и ако нешто не им се предочи со слика тогаш не им е интересно и го третираат како незначајно. Проблем, исто така, претставува достапноста до голем број на информации поради што денес потешко се препознава која информација е добра, а која не е за човековиот дух.

Leave a Reply

Your email address will not be published.