Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност.
Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се движи од 15 до 21 степени.
На повеќе места утре ќе има зголемена облачност, проследена со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Од утре до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Поварадрието.
Од сабота дневните температури ќе бидат во пораст.
Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела утринските температури на места ќе се спуштат под нулата.