Доброволното противпожарно друштво Кочани (ДПД Кочани) организираше Гала вечер

ДПД Кочани организираше Гала вечер: Се надеваме на нашата подадена рака и вие ќе возвратите со подадена рака

Како што веќе претходно беше најавено, во среда (11.05.2022) година, во просториите на ресторан Ла Спеса за првпат Доброволното противпожарно друштов Кочани (ДПД Кочани) организираше Гала вечер.

Истата помина во пријатна и позитивна атмосфера, за што најдобро сведочат реакциите од гоститете кои ја пофалија организацијата,а воедно и целиот настан.

Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на сите присутни, но и на оние кои уплатија карта, но поради оправдани причини не беа во можност да присуствуваат. Нам, како ДПД Кочани ни беше искрена чест што бевме домаќини на еден ваков настан кој се надеваме дека ќе прерасне во традиционален.

Воведен збор на отварање на Гала вечерта имаше нашиот почесен член Андријана Горгиева, која воедно е и потпретседател на ДПД Кочани.

Андријана им посака пријатно добредојде на гостите, па во својот говор го најави претседателот Златко Илијев кој имаше поопширно обраќање пред гостите.

„Формирањето на друштво се јави како потреба по минатогодишните пожари кои го зафатија Кочани. Еден месец потоа формално правно е регистрирано ДПД Кочани, од 15 септември 2021 година. Во бројки пренесено, конкретно за оваа година броиме 45 интервенции на кои учестувале 126 доброволци. Од кој најголем дел се шумски, полски и пожари на објекти. Покрај другото имавме извлекување и на повредено лице, потрага по исчезнато лице, интервениравме и на поплави. Исто така бевме од голема помош на СВР Кочани изминатата зима на СРЦ Пониква. ДПД Кочани имаше и две редовни крводарителски акции и повеќе вонредни во кои собравме 38 единици крв“ изјави Илијев за дел од активностите кои што ги имаше друштвото.

Фотогалерија од Гала вечерта во организација на ДПД Кочани:

Притоа претседателот на ДПД Кочани објасни дека реконструкцијата на објектот кој е даден на користење од Општина Кочани е во завршна фаза и ќе следи вселување.

Како еден од приоритетите на ДПД Кочани како што кажа Илијев е обезбедување на возило кое е повеќе од неопходно за нормално и полесно функционирање.

„Од формирањето на ДПД Кочани се појавува една потрреба која еве до сега не успеавме да ја реализираме. А тоа е набавката на едно противпожарно возило. Затоа дојдовме до идеја да ја организираме оваа Гала вечер, да ве запознаеме со потребите на ДПД. И од вас да добиеме еден вид помош затоа што се надеваме на нашата подадена рака и вие ќе возвратите со подадена рака“, кажа Златко и притоа дообјасни какво возило е потребно:

„По структура на терен и по вид на интервенции нам ни е потребно едно пикап возило. Пример, Тојота Хилукс, Мицубише Л200, Исузу Д макс или Нисан Навара. Ние предвидовме дека ни се потребни 11.000 евра за истото кое потоа ќе биде опремено со танк за вода, млазница, црево и витло“.

Сите оние кои ќе изразат желба за донација на ДПД Кочани истата може да ја реализираат преку:

Денарска сметка на Комерцијална Банка: 300050000186807
Девизна сметка на Комерцијална Банка Iban code MK 07300701003831758 ; Swift code KOBSMK2XKOB

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *