ДОБИЛ ОТКАЗ ОТИ ДОАЃАЛ ПОРАНО НА РАБОТА

Филијалата на Lidl во Барселона отпушти работник со 12 години работен стаж во фирмата затоа што бил премногу вреден.

Имено, тој доаѓал порано на работа за да ја подготви продавницата за отворање.

Работникот се обратил во суд и бара да се врати на работа.

Како што пренесува шпанскиот дневник El Pais, вредниот работник Жан П. Пристигнувал на работа еден час пред да почне смената и „почнувал да ја подготвува продавницата за отворање“. Во одлуката за отказ наведено е дека „многу сериозно ги нарушил правилата за работа“, затоа што Жан, без да впише работно време, доаѓал на работа „правел нарачки менувал цени и пополнувал палети со производи“.

Каталонската филијала на германскиот синџир супермаркети навела дека на снимките од надзорните камери се гледа како вредниот работник влегува во продавницата во 5 часот наутро и поминува меѓу 49 и 87 минути работејќи, а при тоа да не е впишан дека дошол на работа.

Така ги прекршил строгите правила за трговскиот синџир кои се однесуваат на плаќање на вработените за секоја минута која работеле и правилно внесување работни часови, пренесе thelocal.es.

Отпуштениот работник смета дека неправедно е отпуштен од работа и бара да го вратат.

Тој вели дека не барал другите да доаѓаат порано, и дека никогаш не му рекле дека треба да побара дозвола за порано да дојде на работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *