ДОАЃА МНОГУ СНЕГ И НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Почитувани граѓани во овој момент од север кон нашата територија започнува да навлегува студениот воздушен бран и веќе во северната половина на државава температурите на воздухот се сначително спуштени, а освен на планините снег ќе паѓа и на повисоките места како и во населените места кој се со малку поголема надморсна височина, но сепак веќе снежната граница се спушта и под 1000 м.н.в.

Понатаму во текот на ноќта ќе продолжи спуштањето на снежната граница патака локално провејување на снег ќе има и во некои од котлините претежно на северот и западот на државава а потоа и во останатите котлини е можно само сосема локално и слабо провејување снег.

До утре наутро температурите на многу места ќе се спуштат под нулата и истите ќе се спуштат во интервалот од -6 до 2 степени додека на планинските и скијачките места истите ќе се спуштат под -10 степени.

Да напоменеме дека е можна и ретка појава на грмежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.