Дипломатијата и демократијата во Македонија во книгите на м-р Коста Стоименовски – единствен дипломат од нашиот крај

Авторот на книгите (Коста Стоименовски), роден во село Луковица, Македонска Каменица во 1942 година, дипломирал на скопскиот Економски факултет, а магистрирал на белградскиот Економски факултет.

Во август 1970 година стапил на работа во југословенската дипломатија и извршувал одговорни должности во Сојузниот секретаријат за надворешни работи на СФРЈ и југословенските амбасади во Букурешт, Прага и Варшава. По распаѓањето на СФРЈ, на повик на македонската влада, во мај 1992 година се вратил во Македонија. Во македонското МНР бил понижен и деградиран на статус на приправник, поради што бил принуден доброволно да си замине од Министерството! Од август 2001 до февруари 2005 година бил амбасадор на РМ во Полска, Литванија и Летонија.

Со искуството што го стекнал во југословенската дипломатија, по напуштањето на МНР, внимателно го следел развојот на состојбите во Македонија и критички ги опсервирал во разни печатени македонски медиуми. Дел од бројните написи во медиумите, авторот ги презентира во 4, поточно во 5 книги (од кои две се во една). Насловите на книгите се сугестивни и ги одразуваат состојбите во Македонија по нејзиното осамостојуавње:

1) КРИВО НАСАДЕНА ДЕМОКРАТИЈА;
2) ЗАРОБЕНА НАМЕСТО ПРЕПОРОДЕНА;
3) КРИВО НАСАДЕНА ДИПЛОМАТИЈА;
4) ВАРШАВСКИ ГОДИНИ.

Во првата книга авторот укажува на лошиот старт на демократијата во Македонија, а посебно на непочитувањето на правилата, принципите и процедурите на парламенатарната демократија.

Во втората книга авторот укажува на кулминацијата на криво насадената демократија, кога дојде до заробување на државата од злосторничкото здружение кое се поистоветува со Фамилија.

Во третата книга се зборува за неснаоѓањето и некомпетентноста на македонската дипломатија да се носи со сериозните проблеми со кои се соочи по осамостојувањето на Македонија, а кои се сеуште тежок товар на државата! Авторот е убеден дека доколку македонското раководство го прифатеше мошне искусниот македонски, југословенски и светски дипломат Лазар Мојсов проблемите ќе беа надминати уште на почетокот и Македонија ќе беше солидно етаблирана држава во меѓународните односи!

Во четвртата книга авторот изнесува интересни случувања во времето кога бил втор човек (заменик на амбасадорот) во Амбасадата на СФРЈ во Варшава, а во петата книга се осврнува на случувања во времето кога бил амбасадор на РМ во Полска. Читајќи ги книгите лесно може да се констатира огромна разлика меѓу максимално професионалната југословенска и дилетантската македонска дипломатија!

Книгите можат да се купат во книжарниците на Матица Македонска, Тримакс и книжарницата на Филозофскиот факултет во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *