Дизелот поевтинува за 3 денари, цената на бензините останува непроменета

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) попладенво донесе одлука со која се врши намалување цени на нафтените деривати во просек за 2,50% во однос на вчерашната одлука.

Според ова решение, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3 денари за литар, додека цената на Екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2 и пол денара.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на истото ниво.

Така, од вечерва по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Бензин ЕУРОСУПЕР БС -95 / 86,50 (денари/литар)
Бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 / 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво / 85 (денари/литар)
Екстралесно масло (ЕЛ-1) / 81 (денар/литар)
Мазут М-1 НС / 59,299 (денари/килограм)

Од РКЕ воедно потсетуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Текстот Дизелот поевтин за 3 денари, цената на бензинот останува иста е превземен од МАКФАКС.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *