ДЗС: Најбогато се живее во Скопје, најсиромашно во Кочани и Виница

Последните анализи на Државниот завод за статистика покажуваат дека најбогато се живее во Скопје, а најсиромашно во Кочани и Виница.

Скопје се развива многу побрзо, за разлика од другите градови во Македонија, а селата за жал од ден на ден се повеќе се запустуваат и осиромашуваат.

Податоците покажуваат дека најсиромашно е во тетовско и штипско, а најбогато во скопско. Тука статистиката покажува драстични регионални разлики.  Оттука не е изненадување зошто речиси сите сакаат во метрополата, коментираат експертите според кои за подобрување на состојбата се потребни сериозни инвестиции и долгорочни стратегии.

42.6% од сите економски активности се одвиваат во главниот град, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бруто домашниот производ по региони  е распределен на следниот начин: Скопски 42.6% (3.475.040.650 евра), Пелагониски 11.3% (919.186.991 евра), Југоисточен 9.2% (751.398.373 евра), Вардарски 8.2% (670.894.308 евра), Источен 8.1% (657.707.317 евра), Југозападен 7.8% (640.292.682 евра), Полошки 7.5% (613.577.235 евра), Североисточен 5.3% (432.731.707 евра) или вкупно 100% (8.160.829.263 евра).

Бидејќи Скопскиот регион има најмногу жители логично е да има и најголемо учество во вкупното стопанство, но и анализата на БДП по глава на жител (просечното производство по човек) покажува дека луѓето во главниот град создаваат и најголема додадена вредност. БДП по глава на жител по региони е: Скопски 5.673 евра, Пелагониски 3.955 евра, Југоисточен 4.333 евра, Вардарски 4.371 евра, Источен 3.689 евра, Југозападен 2.906 евра, Полошки 1.929 евра, Североисточен 2.462 евра или вкупно 3.953 евра по глава на жител. Во главниот град економската активност по жител е 43.5% над, а во Тетово и Гостивар 51.2% под државниот просек. Покрај Скопскиот само Вардарскиот и Југоисточниот регион со 10.6% односно 9.6% се над просекот, а Пелагонискиот е точно на исто ниво со просекот во државата.

Извор: СкопјеИнфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.