Дечињата од детската градинка „Бамби“ учеа како да се хранат здраво

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на здрава храна, денеска со поддршка на општина Македонска Каменица и Министерството за труд и социјална политика, во објектите на ЈОУДГ „Бамби“, се одржаа повеќе работилници во кои покрај децата беа вклучени и нивните негователи- воспитувачи.

Целта на работилниците беше поорганизирано и поодговорно да се пристапува кон афирмација на процесот на одгледување и конзумирање на здрава храна.

-Комбинацијата на здрава храна, одгледување на зеленчуци во органските градини, вклучување на родителите во едукацијата за важноста на здравата храна во детските градинки, претставува интегрален пристап кој влијае на перцепцијата на децата за здравата храна, беше речено во рамки на работилниците. – изјави директорката на детската градинка, Снежана Златановска.

Линк до фотогалерија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *