Дечињата од „Бамби“ ја посетија изложбата на илустрации од младиот уметник Софија Ситновска

По повод 1. Јуни Меѓународниот ден за заштита на децата, од детската градинка порачуваат дека треба децата треба постојано да се грижиме за зравјето и среќата на децата. Да ги правиме среќни не само денес, туку секој ден исекој момент.
По повод одбележувањето на овој Меѓународен ден, децата од ЈОУДГ „Бамби” ја посетија изложбата на илустрирани афоризми, дело на нашата млада сограѓанка Софија Ситновска.
Изложбата на илустрирани афоризми и сликовници од младиот уметник од Македонска Каменица, Софија Ситновска започна во 12:30 часот, а во рамки на настанот најмалите се запознаа и со делата „Палави афоризмичиња“ и ,„Во светот на палавите афоризмичиња“ од афористичарот Миле Ѓорѓијоски
Линк до промоцијата на илустрациите од младиот уметник Софија Ситновска направена пред неколку денови во Виница https://www.youtube.com/watch?v=d9nGbPiR3Lg

Гоце Стојановски, директор на Културно-информативниот центар „Романса” кој го организираше настанот истакна дека „главната улога во рамки на денешната промоција ја имаа токму децата, кои претходно присуствуваа на изложба на илустрирани афоризми од својата соученичка Софија Ситновска“.

„Целта беше младите на Меѓународниот ден на детето да се запознаат со поимот афоризам. „Во светот на палавите афоризмичиња” е плод на заедничката соработка на афористичарот Миле Ѓорѓијоски и младата Софија Ситновска кои во рамки на настанот одлично ја етаблираа младата популација“, рече Стојановски.

Линк до целата фотогалерија направена при посетата на изложбата во Домот на култура, ОВДЕ https://www.facebook.com/Detska-Gradinka-Bambi-Kamenica-250526831968734/photos/pcb.1693156294372440/1693155164372553/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *