ДЕФИЛЕ ПОД МАСКИ НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ

Градоначалникот  Сашо Јанкоски вели карневалот од година во година е се повеќе посетен и оригинален поради атрактивноста на маските кои вевчанци ги подготвуваат во текот на целата година вложувајќи многу труд и енергија.

„Комплетните капацитети во Вевчани се исполнети се погоди каревалот да е во викенд и имаме полни капацитети. “  вели градоначалникот.

Според традицијата Василичарите вечерва во пресрет на празникот ќе одат од куќа во куќа каде што има име Васил да му честитаат пеејќи ги традиционалните василичарски песни. Невестите пак утре изутрина ќе одат на изворите да наполнат вода за да го замесат кашаникот или познатиот Вевчански зелник со паричка за која се верува дека на оној  што ќе му се падне ќе му донесе среќа и бериќет во текот на целата година. Манифестацијата ќе заврши утревечер со традиционалното палење на маските во центарот на селото со кое се верува дека селаните се ослободуваат од злото и дека годината ќе им биде среќна и бериќетна. Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот со единствена симболика и традиција која се негува повеќе од неверојатни 14 века и кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, исконска традиција, таинственост и уникатни маски.

Во Вевчани со векови се спроведува девизата „Каде и да си, за Василица дома да си“ така беше и оваа година  13 и 14 јануари секоја година по традиција се срале во Вевчани за да го прослават заштитникот на Вевчани и на Вевчанци – Свети Василиј Велики и доаѓањето на новата година по стариот календар со карневалот што, според преданијата, има традиција подолга од 14 века.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *