Детската градинка во Македонска Каменица ќе работи и во деновите од зимскиот распуст

ЈОУДГ Бамби од Македонска Каменица испрати известување до родителите на дечињата корисници на услугите на установата со следната соржина:

ЈОУДГ „Бамби“ ги известува родителите на децата корисници на услугите на установата, дека детската градинка ќе работи непрекинато за време на претстојниот зимски распуст.

Дечињата од сите возрасти ќе можат да ја посетуваат детската градинка секој работен ден, во текот на постојаното работно време на установата.

Со тоа се избегнуваат додатни обврски кои во текот на минатите години претставуваа потешкотија за родителите и дечињата. Дечињата ќе бидат згрижени од страна на установатаи воспитно-образовната ејност ќе се реализира според предвиената програма. Родителите, го задржуваат правото сами да одлучат дали дечињата во текот на зимскиот распуст ќе ја посетуаваат детската градинка. Пријавувањето на остуство од престој во детската градинка за месец Јануари е задолжително, истото родителите можат да го сторат во текот на секој работен ден во ЈОУДГ „Бамби“ до истекот на оваа календарска година.

ЈОУДГ „БАМБИ“ Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *