Детската градинка „Бамби“ ги повикува родителите да се вклучат во хуманитарната акција „Од дете за дете“

Македонска Каменица, 27.11.2019 година – Детската градинка „Бамби“ од Македонска Каменица во соработка со родителите и дечињата на 25. Ноември ја започна организацијата на хуманитарната акција „Од дете за дете“.

Од детската градинка изјавуваат дека, собирањето и распределувањето на обезбедениот хуманитарен материјал ќе биде координиран од Совет на родители во ЈОУДГ „Бамби“. Акцијата започна од 25. Ноември, а ќе трае до 05.Декември. Акцијата е организирана со цел да им помогнеме на дечиња од социјално ранливи категории преку подарена облека, храна, играчки, постелнина и друго.

Од детската градинка „Бамби“ ги повикуваат родителите во текот на наредните денови до детската градинка „Бамби“ да го достават хуманитарниот материјал, со што ќе помогнат во реализацијата на оваа хуманитарна акција на нивните дечиња.

На овој начин сакаме на дечињата уште од најмали нозе да им ја покажеме убавината на хуманоста и солидарноста. Да ја препознаат како добра човекова особина и практикуваат во животот, – дополнуваат од Јавната општинска установа „Бамби“ – Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *